2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Граѓаните да ги почитуваат мерките, нема простор за опуштеност, апелира Кризниот штаб

Јули 16, 2020

Вчерашниот голем број позитивни во Битола, вкупно 11,  се должи на промената на пристапот на тестирање, соопштила на денешниот состанок на Кризниот штаб, директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева. Сепак членовите на Кризниот штаб заклучиле дека често граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита.

 Крстева посочила дека нема критичност во епидемиолошката слика со појавата на оваа бројка, која е од техничка природа и доаѓа од промената на пристапот на тестирање.  Во претходните десетина дена, најголемот дел од термините за тестирање преку системот „Мој термин“ биле зафатени од Кичево, така што по поделбата на соодветен број термини во регионот, состојбата се нормализирала и оваа бројка е последица на подолг временски период, а не само на еден ден.

Изминатите регистрирани случаи во Битола доаѓаат од веќе позната средина, односно од познати четири кластери, каде што лицата се поврзани.

Членовите во Кризниот штаб укажуваат дека населението е прилично олабавено, не се почитува дистанца во рестораните и кафулињата, а често не се носи маска. Градоначалничката Наташа Петровска побара поажурно делување на надлежните институции на терен, во насока на превентивно делување. Исто така, таа побара од јавните претпријатија да се земат во предвид сите можни ресурси и превентивни насоки на делување во справување со нов, поголем бран на заболени од ковид-19, кој се предвидува од септември.

Од кризниот штаб уште еднаш испратија апел до населението да биде внимателно, да се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита, а граѓаните да одржуваат редовна хигиена на рацете, да носат заштитна маска и да ја почитуваат социјалната дистанца.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани