2win800x200

Еден новозаболен денес во Битола, вкупно 85 заразени од почетокот на кризата

Јули 17, 2020

Еден новозаболен од КОВИД-19 е регистриран денес во Битола, со што вкупниот број е 85 заразени од почетокот на кризата.

Во последните 24 часа во земјава се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19

 
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица
 
Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786,  бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани