2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчанка со решение за изолација полицијата не ја затекнала дома

Јули 21, 2020

Битолчанка која поради контакт со заразено лице на 15 јули била ставена изолација, при контрола на полицијата на 17 јули не била во својот дом.

 
Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
 

Надлежен јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи за обвинетата да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани