АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Испишан е графит на оградата на Хајдар Кади џамија во Битола која беше реставрирана пред нецели четири години. Содржината на графиот очигледно е инспирирана од случувањата со Аја Софија во Истанбул, па на ѕидот со црн спреј некој испишал „Аја Софија беше и ќе остане црква“. За ова се разви дискусија на социјалните мрежи дека клутурно-историското богатство на Битола не е место за графити и натписи кои без ралика на пораката го оштетуваат надворешниот изглед на објектите за кои и онака тешко се наоѓаат пари за реставрирање, па најчесто се обновуваат со донации. Таков беше и примерот со сега исчкртаната Хајдар Кади Џамија која во 2016 година со донација од Турција во износ од 2,5 милиони ева беше реставрирана и спасена од распаѓање.
Истиот графит е испишан и на Исак џамија која исто така беше реставрирана пред четири години.
Ова не е првпат патриотски или пораки со верка содржина да се испишуваат на објекти кои се споменици на културата, како на пример Безистенот, објекти низ Широк Сокак чии фасади се под заштита, па Безистенот, Исак Џамија и други. Но, како што пишуваат битолчани на фејсбук „ова масло не ја загрева тавата во Битола, град космополитски со широк културен дух за материјалното и верско богатство кое датрира од отоманскиот период“, туку само ќе им ја нагрде надворешноста.