2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Патот за Маловишта проширен и тампониран, се подготвува за нов асфалт

Јули 29, 2020

 

Интензивно се работи на реконструкцијата на патниот правец од селото Кажани кон селото Маловишта, во должина од 4 километри.Патот на одредени делници се проширува, а во моментов се извршува финалната фаза на тампонирање и нагазување на теренот, пред асфалтирање.

Градоначалничката на Општина Битола денеска изврши увид во градежните активности на изведба на овој проект, за кој општината ја изготви планската документација, беа донесени oдлуки на седници на Совет, a кофинансирачкиот дел на општината изнесува над 2.300.000 денари.

Патниот правец Кажани-Маловиште се реконструира преку Програмата за рурален развој, со средства во висина од 16,3 милиони денари. Важноста на добар патен правец кон ова село, кое е единствено сместено на територијата на Националниот парк „Пелистер“, се однесува на развивање на руралниот туризам, а истовремено и заштита на културно-историските споменици.

116435515 2583388828593285 8185101542188184153 o

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани