2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Млади ресенчани со песната „Засукај ракави“ сакаат да ја подигнат еко свеста кај другите

Август 14, 2020

„Засукај ракави“ запеаја тројцата млади момчиња од Ресен Мартин, Кико и Борче членови на бедот „Реприза“ обидувајќи се преку песна да ја подигнат еко свеста кај населението. Во песната изразуваат загриженост дека со нашето однесување секој ден сме метар поблизу до крајот, па порачуваат: „Имај желба, имај верба, имај сила, земи вила и зачисти земја гнила како што некогаш била“. Во рефренот повикаат сите луѓе да се вкучат во активности за поубава животна срединa, па пеат: „Засукај ракави, за чисти градови, за чиста плоштина, на твојата општина“.

 

“Ние ја имаме таа привилегија да живееме во прекрасни услови за живот, а сепак за разлика од сите живи суштества сме единствените кои не се грижат за околината во која живееме. Како бенд решивме да ви отсвириме неколку стихови кои можеби ќе не поттикнат сите заедно да засукаме ракави и да придонесеме за подигање на свеста за подобрување на условите во кои живееме“, порачаа младите музичари.

Иако бендот носи име „Реприза“ ова им е прва песна со која допреа до сржта на една многу важна тема која ги засега сите, со музика во лабав летен вајб и текст кој инспирира и поттикнува позитивни промени, тие прават обид да се наметнат како вистински кул момци кои се пример за младата генерација.

Спотот на песната во режија на Дарио Јанковиќ е снимен на брегот на Преспанското Езеро и изобилува со природни убавини, песочни плажи, прекрасно зајдисонце, но исцртано е и чудовиште, со цел да се апелира дека животната средина има потреба од заштита.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани