АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дали Горан Козаров, кандидатот за пратеник на СДСМ од Битола, кој на последните парламентарни избори беше на деветтото место на кандидатската листа ќе влезе во Парламентот, како претставник од Битола во Законодавниот дом? Ова е дилема која деновиве се отвори меѓу битолчани, колку пратеници ќе ја претставуваат Битола во македонското Собрание.
Според Изборниот законик член 153 и 153- а, доколку носителката на листата Радмила Шекеринска замине во извршната власт, на нејзино место ќе влезе жена која е следна на листата, а не и Козаров. Што би подразбирало почитување на родовата еднаквост.
-Ако е жена пратеник кој е избран на листата на кандидати, а на кого му престанал мандатот, тогаш за остатокот од мандатот пратеник во Собранието станува наредниот кандидат од листата жена, стои во членот од Изборниот законик.
Во петата изборна единица СДСМ со коалицијата освоија 8 пратенички места, од кои на листата е само еден пратеник битолчанец, Бисера Костадиновска.