2win800x200

Саниран дефектот на ул.„Стив Наумов“, водоснабдувањето е нормализирано

Август 15, 2020

 

Поради дотраеност на воодводната мрежа рано изутрина околу 4 часот настана голем дефект на водоводната инфраструктура на улицата „Стив Наумов“ во Битола.  За неколку часа екипите на ЈКП „Водовод“ успееја да го санираат дефектот и да го нормализираат водоснабдувањето.

-Дефект настана на  водоводната  мрежа AZC 200 на улица „Стив Наумов“, таму водоводната инфраструктура  е премногу стара и поради дотраеност на цевките само оваа недела се јавија три дефекти. Екипите на ЈКП „Водовод“ веднаш излегоа на терен и  ја санираа состојбата со цел нормализирање на водоснабдувањето, изјави Горан Козаров директор на ЈКП „Водовод“ Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани