Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во
- Скопје 34
- Куманово 13
- Тетово 8
- Струга 1
- Битола 1
- Кавадарци 4
- Гостивар 20
- Струмица 2
- Берово 1
- Кичево 3
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од:
- Скопје 35
- Куманово 1
- Штип 4
- Тетово 1
- Гостивар 1
- Пробиштип 2
- Кратово 1
- Свети Николе 6
Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.