Денес во регионот на Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 9 нови случаи на COVID-19:
- 7 во Демир Хисар (лица на возраст од 27 до 61 годинa, 1 лице е вработен, а 6 се пациенти во Психијатриска болница- Д.Хисар)
- 2 во Кичево (лица на возраст од 19 и 47 години, едно лице од новорегистрираните дава податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лица).
Во Ресен и Битола денес нема новорегистрирани лица.
Денес се регистрирани 9 оздравени лица (2 од Битола, 2 од Ресен, 2 од Д.Хисар и 3 од Кичево).
Минатата седмица (10.08.2020-16.08.2020) во регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола беа регистрирани 76 случаи на COVID-19 од кои 18 во Битола, 47 во Кичево и 11 во Демир Хисар, додека 68 лица беа регистрирани како оздравени (19 во Битола, 35 во Кичево, 5 во Ресен и 9 лица во Д. Хисар).