2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Краткотрајни врнежи од град во Битола, но со големина на орев

Август 17, 2020

Попладнево Битола беше зафатена од краткортајни врнежи со град, но зрната без со големина на орев. Невремето беше проследено и со дожд, па и овој ден може да се впише меѓу оние со нестабилно време ова лето. Засега нема официјална информација дали за спречување на посилни врнежи и штети и овој пат беше интервенирано со авионско засејување на облаците. 

Оваа нова метода за заштита од временски непогоди (град) за првпат од годинава започна да се применува во во нашата држава. Во текот на 07.06.2020 година, Пелагонискиот и Преспанскиот регион беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, со што е спречена појава на град во овие региони.

 Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојуваше за исплата на обештетувања.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани