2win800x200

Директорот на Битолскиот затвор позитивен на коронавирусот

Август 26, 2020

 

Директорот на Битолскиот затвор Драган Крајовски е позитивен на коронавирусот, потврдија за Плусинфо од Управата за извршување санкции. Крајовски вчера го добил тестот, се чувствувал добро и веќе е во самоизолација . 

Од Управата за извршување санкции велат дека освен директорот, никој од вработените во затворот во Битола не е заразен, бидејќи ги почитувале протоколите за заштита од вирусот. Со затворот сега директорува заменикот на Крајовски.

– Тоа што директорот е позитивен на ковид-19 не претставува никаква опасност за осудениците, бидејќи тој немал контакти со нив. Состојбата во затворот е под контрола. Заврши реновирањето на затворот, но сѐ уште немаме добиено дозвола за употреба. Осудениците не се во затворот, туку во отвореното одделение, надвор од затворот – велат од Управата за извршување санкции.

https://plusinfo.mk/direktorot-na-bitolskiot-zatvor-pozitiven-na-koronavirusot/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани