АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 1 СЕПТЕМВРИ 1944, кај село Јудово, Кичевско е убиен Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден е во Битола на 30 март 1922 г. Приврзаник на напреднотокомунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ.
Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун.
Учесник во антифашистичкото движење одпочетокот на окупацијата .Кратко време студира во бугарскиот главен град Софија.
Во 1942 г. е уапсен во Битола, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ.
Загина при нападот на Кичево како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар