АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот бенд Вел на 5 септември во рамките на Фестивалот „Битола Отворен Град“ настапува во Пациото на Завод и музеј Битола.
Вел ќе отсвири 8 авторски песни, на македонски јазик, нивната музика спаѓа во алтернативните правци на независната сцена, дарк вејв, со модерен и софистициран пристап. До крајот на оваа година ќе излезе и нивниот прв албум.
-Бендот во ваков состав функционира една година. На 5 – септември заедно со Мугер Гугер и Горан Трајкоски од Скопје, ќе го одсвири својот материјал за првпат во Битола. Минатата година на скопскиот фестивал Таксират за првпат ја промовираја нивната музика како гости на промоцијата на плоча на бендот Мугер Фугер со Горан Трајкоски, информираат од Вел.
ВЕЛ / VEIL -
Златко З’лте Никодиновски– гитара Бендови: Флуор, Небо, Аgainst Them All , The Government. Tribute: “Alice in Chains” “Unplugged Nirvana 94’” “Historia De Un Amore”. Албуми: Nebo – Hard to complete ; Against Them All – First Born ; The Government – Razbudi me!
Денис Алитовски, клавијатурист и придружен вокал, професор по пијано. Бендови: Jazz Scenario од Битола (2012) Мјузикли: “The opera house” работена според мјузиклот “The Phantom of the Opera”, улогата на Раул- Виконтот од Шањи, БИТ ФЕСТ, 2014."Maria de Buenos Aieres" од Астор Пјацола и Хорацио Ферер, во улогата на Пајадор, БИТ ФЕСТ 2015 година.
Сашо Ристевски Ристето, тапани. Бендови: Dismay, The Government
Томе Спасовски, басист и вокал. Бендови „Контракултура“, „The Government“, Проекти: „Томче-Благојче“, „Historia de un amor“ и „Unplugged Nirvana ‘94“, како и збирката поезија „Безнесум“. Музички соработник:„Камерна опера Битола“ и „Korunovska singing & music“.