2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во завршна фаза е детскиот парк на Голема Ливада на Пелистер

Септември 10, 2020

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со градоначалничка Наташа Петровска и дииректорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, денеска изврши увид на проектите кои се реализираат во Општина Битола и најави нови соработки со Пелагонискиот плански регион.

– Во градскиот парк е изградено детско катче, проект за кој Општината овозможи и изработи проектна и техничка документација, а Министерство за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција обезбедија финансиска поддршка од 4,6 милиони денари, со што се изгради пријатно катче за сите деца, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Вториот проект го реализираме во Националниот парк „Пелистер“, кај местото викано Голема Ливада, каде се гради авантуристички детски парк за што се обезбедени два милиони денари. Градежните работи се при крај и се надевам дека викендов битолчани ќе ги однесат своите деца во ова место, рече министерот Милевски.

Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, рече дека докму овој проект на Пелистер може да биде поттик за други инвестиции во Националниот парк.

-Со проектот на Пелистер се зголеми туристичката понудата во Националниот парк, можноста за дружба и игра на децата. Со самиот проект се имплементираа детски реквизити што ги задоволуваат сите безбедносни заштити и стандарди. Овај проект се надевам дека ќе биде еден поттик за понатамошни инвестиции во Национален парк. Исто така, денес сме тука и во детското катче за социјална инклузија, што произлезе преку низа форуми, се слушна гласот на граѓаните, а се импелментираше со поддршка на Општина Битола, а средствата се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, рече Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагониксиот плански регион.

Градоначалничката Наташа Петровска, потенцираше дека благодарение на форумите со граѓаните и предлозите иницирани низ заеднички средби реализирани се конкретни проекти.

-Детскиот парк е резултата на Форумот на заедници, а проектот е поддржан од граѓаните. Токму поради тоа Општина Битола го промени и статутот на Општината во кој што форумите на заедници ги воведе нешто што како процедура треба да се почитува во сите останати проекти, рече градоначалничката Петровска.

 

118956900 3109714922588626 853691584333559123 n

 

119180442 3109714685921983 1786786617635286300 n

 

119062308 3109715585921893 5409824085537701593 n

 

119094215 3109714569255328 6353533122735822358 n

 

119117157 3109714515922000 8217347207798277615 n

 

119122379 3109714449255340 7238416226177198944 n

 

119124593 3109715079255277 1609334438432332038 n

 

119136532 3109714835921968 5182750047321553901 n

 

119147363 3109715012588617 7405851656685342804 n

 

119162482 3109715252588593 6033204671986506659 n

 

119166112 3109714619255323 6384860002639840526 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани