Меѓу шестемина новозаболени битолчани и 16 годишен тинејџер

Септември 17, 2020

Шестемина битолчани кои се регистрирани како позитивни на ковид-19 во денешниот здравствен билтен се на возраст од 16 до 53 години, соопштија од Центраот за јавно здравје. По вчерашниот случај, кога меѓу четворицата заболени имаше и 17 годишен тинејџер, ова е втор ден со ред како повторно повизтивен на коронавирус е адолесцент од Битола. . 

Од шесте заболени , четворица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.

Денес во Кичево има тројца разболени на возраст од 46, 57 и 88 години, од нив само еден заболен дава податок за контакт со позитивно лице. И во Ресен е евидентиран уште еден ресенчанец со ковид-19 на возраст од 58 години кој не дава податок за контакт со позитивно лице.

Во Демир. Хисар денес нема новозаболени лица.

Денес е регистрирано и едно  оздравено лице од Кичево.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани