АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на „Европската недела на мобилност" денеска во Техничкиот факултет во Битола, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во координација со Општина Битола, заедно со Црвен Крст Битола и граѓански иницијативи беше промовирана новоформираната студентска сообраќајна единица.
-Улогата на сообраќајната единица е разгледување и давање на предлози поврзани со сообраќајот, сообраќајните проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, решавање на одредени сообраќајни проблеми, размена на идеи преку различни активности и слично. На промоцијата учествуваа претставници на СВР Битола, Отсекот за превенција при СВР Битола и на Полициската станица за безбедност на патниот сообракај при СВР Битола, со што уште еднаш потврдија дека ги поддржуваат идеите и активностите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и дека земаат активно учество во нивна реализација, информираат од СВР-Битола.