2win800x200

Ликовната колонија „Де Ниро“ почнува во петок збратимувајќи се со „Арт Поинт-Гумно“

Септември 21, 2020

16 Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ започнува овој петок во 12:00 часот со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија „Де Ниро“, с.Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт-Гумно“, с.Слоештица, Демир Хисар. Збратимувањето и колонијата ќе се одржат во битолското село Цапари.

На настанот ќе присуствуваат ограничен број на луѓе, истиот е организиран според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот ковид-19.

Почнувајќи од 25-ти септември, паралелно, во целосна творечка изолација, во с. Слоештица, Демир Хисар, во „Арт Поинт – Гумно“ о во с. Цапари, Битола, на ликовната колонија „Де Ниро“, уметност ќе создаваат 15-тина реномирани македонски уметници. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување со што ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите.

Во село Цапари од 25 -30 септември ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска , Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич . Почесен гостин ќе биде Беди Ибрахим.

На уметничкото гумно во с. Слоештица од 25 септември до 5 октомври ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани