АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Ресен се подготвува за „Преспански јаболкобер 2020“ со почитување на здравствените протиколи, носење маски и на физичка достанца. Манифестацијата ќе се одржи на верскиот празник Крстовден, на 26 и 27 септември.
-Оваа година славиме јубилеј 20 години „Преспански јаболкобер“. Со оглед на ковид кризата ќе имаме редуцирана програма, но не се откажуваме од оваа централна манифестација во Преспа која го промовира не само јаболкото, туку и природното и историско-културното наследство на овој крај. Очекуваме гости од диполоматскиот кор од МЗШВ со министерот Хоџа. Нема да има големи масовни настани, но останува моментот на симболично откинување на првото јаболко како и доделување на награди на најуспешните земјоделци. На манифестација ќе настапат локални уметници, групи и кантавтори, при што за публиката ќе бидат запазени сите здравствени мерки и препораки. Да се надеваме дека догодина помасовно како што доликува и во подобри здравени услови ќе го прославиме јаболкоберот, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.