2win800x200

Вози одговорно-Се одбележува европската недела на мобилност во сообраќајот

Септември 22, 2020

 

Детска едукативна претстава од областа на сообраќајот за деца до 14 - годишна возраст беше изведна вчера  во дворот на Националната установа - Завод и музеј  во Битола како дел од проектот на Отсекот за превенција при СВР Битола „Полицијата и граѓаните заедно“, „Безбедно во сообраќајот“, како и одбележување на Европска недела на мобилност во сообраќајот. Во рамки на активностите, пред почетокот на претставата беше поделен и промотивен материјал и други реквизити  од страна  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Активноста беше реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедноста, членови на  РС  и ОС за БСП, членови на ОО Црвен крст Битола, како и претставници на Општина Битола, информираа од СВР Битола.  

 thumbnail

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани