2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се вработил братот на градоначалничката

Јануари 29, 2018

Од ОК  на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција обвинија  дека по промената на власта и поставувањето на партиски кадри за директори на училиштата, во ОУ„Елпида Караманди“ во Битола како наставник по матаматика се вработил братот на градоначалничката Наташа Петровска.

„Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ „Даме Груев“ е сопруга на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања“, изјави Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани