Нов асфалт на 14 улици добија жителите на Долно Оризари, за што Општина Битола инвестира близу 6 милиони денари.
-И во услови на пандемија, со чесен и домаќински пристап, продолжуваме да вложуваме во подобрување на инфраструктурата во Долно Оризари, инвестиција вредна 14,5 милиони денари. После 40 години, за жителите на оваа населба калта во зима и прашината во лето се минато.
Во првата фаза од овoј проект, беа асфалтирани 7 улици, а деновиве се завршува асфалтирањето уште на 7 улици во должина од 1085 метри со вкупна вредност од 5.7 милиони денари. На истите се извршени и промена на водоводни приклучоци, промена на шахти и сливници и дел од канализација во вредност од милион денари, што е најдобар доказ дека работиме по план и се водиме од долгорочните интереси на граѓаните, рече на денешната прес конференција Невена Димовска , портпарол на СДСМ Битола .
Димовска најави дека во периодот кој следува, локалната власт предводена од СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска , со уште поголема посветеност, продолжуваат со нови проекти во инфраструктурата и тоа обемна реконструкција на пристапниот пат кон археолошкиот локалитет Хераклеја и улица „Димитар Илиевски Мурато“ или старата „Борис Кидрич“. -Продолжуваме да работиме отчетно, плански и во интерес на сите граѓани, порача Димовска.