2win800x200

Битолскиот театар ги отвора вратите за публиката со почитување на здравствените протоколи

Октомври 05, 2020

 

НУ Народен театар Битола, ги отвора вратите за битолската публика. На утре на 6 октомври  со почеток во 20.00 ч. ќе се прикаже претставата „Последната ноќ „ од Ингмар Вилквист во режија на Андреј Цветановски. Оваа претстава ќе се одигра во рамките на Интернационалниот Фестивал на сериозна музика „Интерфест 2020„.

 

-Битолскиот театар е  подготвен да започне со работа според добиените протоколи за работа во затворен простор. Ќе се запазува протоколот што е одобрен од Министерство за култура како и Центарот на јавно здравје. Во процесот за запазување на протоколот во време на пандемија  COVID 19  ќе се вклучи и Црвениот крст од Битола. 
  
Во претставата „Последната ноќ“  играат: 
Соња Михајлова и 
Марјан Ѓоргиевски
преводот е на Ана-Марија Светозарев
сцена: Сергеј Светозарев
костими :Марта Дојчиновска
музика:Диимитар Андоновски
Премиерата на претставта беше пред пет години.  
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани