Општина Битола за десетина дена ќе ги објави резултатите од јавниот повик за субвенционирање на средства за инвертер клима уреди, а поднесените апликации ги разгледува 15 члена комисија. Граѓаните имаа можност да се пријавуваат на јавниот повик од 18 септември до 2 октомври
"Резултатите треба да бидат објавени во рок од две недели по завршувањето на предвидениот рок за аплицирање на јавниот повик. Во овој период, во Општина Битола работат три комисии со по 5 членови, односно вкупно 15 членови, кои ги прегледуваат пристигнатите апликации, одговорија денеска од Општината.
Инаку, интересот за овој јавен повик беше огромен, па пристигнаа над 4000 апликации, а средства има за 2500 инвертери. Парите ги обезбеди ЕСМ
"За прва зона, пристигнаа 3332 барања вклучително и оние кои се повторуваа, односно 2776 без повторени апликации. За втора зона, пристигнаа вкупно 707 барања вклучително и оние кои се повторуваа, односно 578 без повторени апликации", наведуваат од Општина Битола.
Резултатите ќе бидат објавени на веб страницата и на фејсбук страницата на Општина Битола, заедно со следните чекори кои што ќе треба да ги направат граѓаните, за да ги достават потребните документи.