АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалната власт во Битола обезбеди 292 компјутери за наставниците, 67 мерачи за температура и брз интернет по училиштата со цел поквалитетно изведување на новиот онлајн модел на настава, рече портпаролот на ОО на СДСМ Битола Невена Димовска.
-Изминува една недела од почетокот на учебната година која поради мандемијата стартуваше во необични усл ови и со нови ковид правила. И во вакви тешки времиња, докажавме одговорност и дека можеме и знаеме да се справиме со предизвиците.
Локалната власт и градоначалничката Наташа Петровска издвои скоро 129 илјади евра, за подобро и поквалитетно изведување на новиот модел на настава. Со овие пари, училиштата обезбедија 292 компјутери за наставниците, 67 мерачи за температура и брз интернет.
Не сакаме ни да помислиме што ќе се случеше доколку во вакви околности училиштата останеа со блокирани сметки.Власта предводена од СДСМ не дозволи и нема да дозволи игра со иднината на нашиот подмладок и затоа за две години врати 4,3 милиони евра долг на битолските училишта и инвестираше дополнителни 1,3 милиони евра во реконструктивни зафати.
И не застануваме тука. Со нови проекти продолжуваме со вложување во образованието и безбеден образовен процес. За тоа, сите треба да понесеме дел од одговорноста. Да ги почитуваме здравствените протоколи и да придонесеме ситуацијата со Ковид 19 во училиштата да остане стабилна, а во општината под контрола, рече Димовска на денешната прес конфернција.