2win800x200

Нов рекорд-13 новозаболени во Битола и еден починат на 44 години

Октомври 09, 2020

 

Нови 13 заболени од Ковид-19 во Битола и еден починат  пациент на 44 години, информираше МЗ. Од почетокот на кризата до денес бројот на починати од Ковид-19 во Битола се искачи на 11, а бројот на заболени на 367 од кои активни се 91 случаи.  

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).

Во Скопје има 178, Куманово 18, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 20, Тетово 13, Струга 9, Велес 5, Битола 13, Охрид 7, Кавадарци 3, Гостивар 4, Гевгелија 18, Струмица 44, Крива Паланка 7, Радовиш 4, Кочани 10,  Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 7, Валандово 3, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 4, Неготино 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од Скопје 61, Куманово 23, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 9, Тетово 5, Струга 2, Велес, Битола 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 15, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Кочани 1, Пробиштип 2, Берово 4, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 5.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани