АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во еден угостителски објект во Битола утврдени се неправилности во спроведувањето на здравствени протоколи и пропишаното работно време. Во Битола ДПИ спровел два надзора, 15 контроли, и изрекол една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера извршил вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти во повеќе градови во државата. Се проверувало како овие објекти ги спроведуваат здравствени протоколи и пропишаното работно време.
Утврдени се неправилности во четири угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите. Три од нив се во Скопје, а еден во Битола. За тоа инспекторатот ќе поднесе кривични пријави. Исто така, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје.