2win800x200

Николовски-Под посебни здравствени протоколи започна вселувањето на студентите во Студенскиот дом во Битола

Октомври 13, 2020

 

Под посебни здравствени протоколи започна вселувањето на студентите во Студенскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола. Студентите во неколку етапи ќе влегуваат во собите, кои според препораките, се половично исполнети за да се избегне групирање и заштита на нивното здравје, беше речено на денешната прес конфернција на претседателот на СДММ Битола - Петар Николовски. 

-Студентите чии барања биле одобрени, а нема да може да се сместат во Студентскиот дом заради намалените расположливи капацитети, ќе имаат можност да одберат дали да добијат месечен надомест за покривање на трошоци за приватно сместување или месечен надомест за покривање на трошоци за превоз од местото на живеење до местото на студирање. Со оваа мерка опфатени се 884 студенти и 347 ученици во целата земја, а за нејзина реализација Владата издвои 44 милиони денари. Средствата се дел од 4тиот пакет мерки, со кој и 540 студенти добиваат картички купувам домашно од по 6000 денари, а кои предходно не ги добиле, рече Николовски.

Со ова СДСМ докажува дека е посветена на заштитата на здравјето на сите граѓани и покажува дека е вистински партнер на младите. Финансиски ги помага нив, а со тоа и нивните семејства, помага да се надмине ковид кризата и овозможува на сите непречено да го следат образовниот процес, беше истакнато на прес конфернцијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани