АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП„Паркинзи“ ја презема пајак службата во градот со која досега управуваше ЈП „Комуналец“ Битола. На новата седница на Совет која ќе се одржи следната недела во вторник, поставена е точка на дневниот ред со која управувањето на оваа служба чија надлежност е подигање на погрешно паркирани возила или возила кои го попречуваат нормалното движење на останатите возила се префрла во надлежност на новото јавно претпријатие кое раководи со битолските обележани паркинзи.
-Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ценовникот на услуги за подигање и пренесување на непрописно паркирани возила и возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот на ЈППЈЛП, стои во дбевниот ред на новата седница на Советот.