АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски анализира дека Битола е длабоко навлезена во зоната на висок ризик на заразување и дека групирањето на младите е главен проблем. Тој продолжува со изработка на математичко статистички анализи за состојбата со ковид кризата во државата и во посебно за Битола.
-Во Битола денеска (15 окт)достигнавме една психолошка граница, 100 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители. Сé уште стоиме двојно подобро од цела Mакедонија со 14-дневна кумулативна инциденца од 194 на 100.000 жители, но веќе сме длабоко во зоната на висок ризик од заразување, според класификацијата на ECDC (Европскиот центар за превенција и сузбивање на заразните болести).
Групирањето на младите е голем проблем. Чудно е зошто полицијата казнува пензионери без маски кои шетаат сами по поголемите улици, а ниту ги опоменуваат младите кои стојат на мало растојание еден до друг под дрвјата на Широк сокак, пред Домот на културата и пред многубројните кафулиња. За седењето во затворено без маска што да се каже...
Зошто упорно ја предизвикуваме судбината, ја предизвикуваме власта да воведе полициски час наместо да се шетаме на безбедно растојание, во затворен простор да носиме маски, а уште подобро воопшто да не седиме внатре?, вели професорот Трајковски.