2win800x200

Кузманоски-Општината ќе добие специјално возило за транспорт на комунален отпад и опрема за управување со отпадот

Октомври 19, 2020

 

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски го потпиша договорот за вториот грант од проектот за подобрување на општинските услуги МСИП2. Со овој проект, кој се реализира преку Министерствто за финансии се предвидува набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад, контејнери и канти за соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад.
Овој грант согласно Договорот за под-заем доаѓа како резултат на претходно успешно завршениот втор проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка за искористување на средствата за набавка на градежна механизација за потребите на општината.
Станува збор за грант во висина од 4.612.362 денари средства обезбедени преку Министерството за финансии во рамки на вториот проект за подобрување на општински услуги МСИП2 и Светска Банка и општинско кофинансирање во висина од 400.000 денари или севкупно 5.012.362 денари.
 
-Општина Новаци конкретно ќе го користи за набавка на специјализирано возило за собирање на отпад (ѓубретарка) и опрема за управување со отпадот која се состои од 10 метални контејнери со капацитет од 1.1м3 и 50 пластични канти со капацитет од 120 литри. Со овој проект ќе се овозможи дополнително собирање на комунален отпад во уште 3 населени места и тоа во с.Бач, с.Брод и с.Живојно. Со имплементацијата на овој проект околу 200 домаќинства ќе бидат директни корисници кои ќе бидат снабдени со опрема за управување со отпадот .Истовремено ќе се овозможи и одржување на јавната хигиена во овие населени места бидејќи во овие села постои недостаток од соодветно собирање и депонирање на цврстиот отпад.
Општинските служби најавуваат дека по подготовката на тендерската документација наскоро ќе биде објавен и јавен повик за избор на најповолен понудувач
вели градоначалникот Кузманоски.
 
.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани