Примопредавање на локалната власт во Новаци

Октомври 26, 2021

Стевче Стевановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја презеде градоначалничката функција во Општина Новаци. Денес имаше примопредавање на функцијата, а досегашниот градоначалник Љубе Кузманоски, кој како кадар на СДСМ го водеше Новаци во изминатите четири години, на Стевановски му посака успех во престојниот манадат. 248401772 1010587186182591 6008801428173608344 n

„На состанокот денес со идниот градоначалник и советниците поразговаравме, испиеме едно кафе. Му посакувам среќа и успех во наредниот четири годишен мандат. Се надевам дека општината Новаци за четири години ќе ја видиме во многу подобро светло со многу подобри проекти. Останува времето да покажи дека во општина Новаци како на досегашниот, така и идниот состав на Советот целата ни е Новаци од рурална да ја направиме во урбана средина“, рече Кузманоски.249586781 422219672591268 2501974706831664053 n

По заминувањето од градоначалничкото место, Кузманоски од први ноември се враќа на старото работно место во РЕК „Битола“.  

Новиот градоначалник Стевановски рече дека Општината ќе биде отворена за сите жители на Новаци и дека во првите сто дена ќе ги реализира трите проекти што ги вети во предизборието.

„И официјално ја презедов функцијата градоначалник на Општина Новаци. Ќе ја водиме општината во нови предизвици, проекти и победи. Од денес Општина Новаци ќе биде ширум отворена за сите наши жители за да ги решаваме сите проблеми и предизвици. Прво ќе се зафатам со реализација на моите предизборни ветувања, трите проекти кои треба да ги отпочнеме во првите 100 дена. Тоа се субвенции за климатизација на објектите, субевнции за издградба на термофасадаи и во земјоделието, субвенционирање на специфични земјоделски култури“, рече Стевановски..248539409 397451098596484 3856375321612092864 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани