Oпштина Битола ја известува јавноста дека комисиите кои работеа на проверка на апликациите по однос на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, завршија со целосниот преглед на на поднесените барања.
Прелиминарната листа на лицата кои имаат успешни апликации ќе биде објавена во понеделник, 26 октомври. Исто така, граѓаните ќе бидат дополнително информирани за натамошните чекори во оваа постапка.