Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 31 нови случаи на COVID-19:
-10 во Битола (лица на возраст од 22 до 84 години), две лица се од познат кластер, а останатите осум лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-17 во Кичево (лица на возраст од 19 до 78 години) од кои седум лица дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), три лица од познат кластер, а останатите седум лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
-4 во Ресен (лица на возраст од 32 до 71 години), од кои едно лице даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а останатите три лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице;
Денес во Демир Хисар не се регистрирани нови со позитивни лица.
Денес се регистрирани 4 оздравени лица (3 од Битола и 1 од Кичево).