АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од компликации од Ковид-19 ноќеска почина Томе Димитровски-Тарзанот поранешен голман на ФК Пелистер, а потоа и тренер на првата екипа која една сезона се натпреваруваше и во првата фудбалска лига на бивша Југославија. Димитровски имаше 70 години, а во својот живот даде голем влог за фудбалот Под Тумбе Кафе. Тој ќе остане запаметен по неприкосновената одбрана на голот на Пелистер кој го бранеше до својата четириесетта година од животот. За одбележување е и тоа што една сезона го бранеше голот и на Раднички од Ниш, кога беше во првата фудбалска лига.