АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Oд Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа. Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.
Од Општината соопштија дека во знак на благодарност поради залагањата и напорите за обесштетување на земјоделците од преспанскиот регион, градоначалникот Живко Гошаревски, на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му додели плакета „Преспански јаболкобер 2020“.
,,Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа", соопштија од Општината.