2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

In memoriam-ЗА ПУБЛИЦИСТОТ И УРБАНИСТОТ – ДИМИТАР ДИМИТРОВСКИ  

Октомври 26, 2020

Пишува: Александар Литовски

 

 

Портретот за Димитар Димитровски, кој го правам во оваа тажна пригода,кој треба да биде еден вид in memoriam за еден од ретките антиподи на нашите самопрокламирани „интелектуалци и специјалисти од разни области“, а кои, всушност, се полуписмени медиокритети, малограѓани и снобови, можеби ќе биде исцртан со пристрасна романтичарско-патетична егзалтација, но со оглед на личниот однос и големината на оваа личност, таквиот портрет воопшто не е нереален и, сигурно, не е претенциозен. Всушност, ова е само обид за еден краток аналитички портрет на еден голем интелектуалец, патриот и вонсериски урбанист.

Димитар Димитровски е роден во Битола на 18 август 1933 година. Основно училиште заврши во Битола, прогимназија во Охрид, средно техничко училиште и архитектонски факултет во Скопје. Вработен во Заводот за урбанизам – Битола во 1963 година, од каде се пензионира во 1997 година. Директор во Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј – Битола во периодот 1975–1980 година. Од 1991 до 1994 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Пишува и публикува повеќе написи од областа на урбанизмот и заштитата на спомениците на културата, како и за разни културни настани, особено од ликовната уметност. Голем дел од она што е градско во Градот, е заслуга на овој скромен и трудољубив урбанист.

Освен во урбанизмот, почитуваниот Димитар Димитровски се покажа и како вонсериски публицист и критичар. Неговите текстови воодушевуваат со познавањето на материјата за која пишува. Стилот му е исклучително елоквентен, малку театрален, во позитивен контекст на тој термин,но сепак елегантен. Често фактографски разлеан, но лесно читливБрилира во своето огромно енциклопедиско знаење, сјае во своето сестрано искуство сред варварското незнаење на „стручната“ средина која го опкружуваВсушност, преку своите текстови тој зборува од пиедесталот на сопствената грандиозна ерудиција,се поигрува со својата стекната разновидна и богата култура и, токму затоа никогаш не досадува. Вистински е надарен со интелект и оригинилност, затоа преку своите текстови се претставува како длабокоумен и работлив компилатор на безбројни урбанистички и филозофски теории, заедно со културолошки, политиколошки и научни сознанија од разни области.

Добро е да се нагласи: Димитар Димитровски не спаѓа во категоријата „просечни и збунети македонски интелектуалци на преминот од дваесетти во дваесет и први век. Сакам да кажам декамакедонското интелектуално скитање по пределите на безидејноста и слугувањето на туѓи интереси е историска константа, а уважениот Димитар Димитровски, со своето епистоларно и практично дело, не беше дел од таквата константаНо, тој ја имаше, како што нагласуваше, таа привилегија да живее и работи во Титова Југославија, кога дури и луѓето од Македонија беа „центар на светот“, а не како што беше и како што повторно е вообичаено, да сме периферијата од цивилизацијата: периферија на Византија, периферија на османлиска Турција, периферија на кралска Југославија, периферија на денешниот неолиберален капитализам.

Со конвенционално „аристократски“ поглед на убавината, со својата трајна и непоколоблива верба во знаењето, со сфаќањето за,скоро, надземското значење на просторното уредување, со приврзаност кон социјализмот како најдобро и најправедно општество што е практикувано во човечката историја, со секојдневната фанатична пристојност кон собеседниците, со „религиозниот“ однос кон класичната музика и ликовните дела, со „агресивната“ пофалба за она што сметаше дека е добро,со посветеноста кон унапредувањето на општата и урбанистичката култура, Димитар Димитровски се движеше низ оваа наша средина како борец против немањето вкус, против бесцелноста на она што се прави, против политичкиот радикализам, против девастирањето на јавниот простор, против национал-шовинизмот и фашизмот.Тој на своето време, на својот град, на својата македонска држава, несебично му ги поклонил сите свои најдобри таленти и заради тоа нека му е светол споменот меѓу луѓето кои остануваме по него.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани