2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола ја објави прелиминарната листа со апликанти за клима инвертери

Октомври 26, 2020

Општина Битола ја објави прелиминарната листа на апликанти кои ги исполнуваат критериумите согласно јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.  Апликантите кои ги има на оваа листа треба да обезбедат и физички да ја достават документацијата до Општина согласно јавниот повик и правилникот, односно да достават:

- Барањето за субвенционирање на домаќинства 
- Копија од лична карта
- Комплетен имотен лист
- Решение за данок на имот (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)
- Изјава за промена на адреса (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
- Изјава за носител на домаќинство (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
- Сметка (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
- Фактура (оригинал)
- Фискална сметка (оригинал)
- Копија од трансакциска сметка
- Испечатена фотографија од печката
- Изјава за користење на инвертер заверена на нотар (се симнува од овој линк)
- Друго (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)

Согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, документацијата ќе се доставува според претходно утврден распоред, објавен на веб страната на Општина Битола, со точно прецизирано време и локација за достава на документацијата.

Првиот распоред ќе биде објавен утре 27.10.2020 година.

На следните линкови може да ја погледнете прелиминарната листа и потребните документи:Прелиминарна листаhttps://drive.google.com/file/d/1RxX15fF8QhYYw5LUKnKlnnvBHBAT2jsx/view?fbclid=IwAR08297vKc087BfosHuzYiSPrFLWczhkrzsFm3zE-o4CG7-xvKO4xq-HTpY

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани