2win800x200

И двогодишно дете меѓу новите 28 заболени од ковид-19 во Битола

Октомври 27, 2020

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 36 нови случаи на COVID-19:

-28 во Битола (лица на возраст од 2 до 78 години; 16 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-6 во Кичево (лица на возраст од 29 до 68 години; 3 лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-1 во Ресен (лице на возраст од 65 години);
-1 во Д. Хисар (лице на возраст од 48 години).

Денес се регистрирани 22 оздравени лица (15 од Битола и 7 од Кичево), и едно починато лице на возраст од 70 години од Ресен. Лицето почина во болнички услови.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани