2win800x200

КОВИД-19 влезе во Народниот театар во Битола, одложени сите претстави

Октомври 28, 2020

Битолскиот Народен театар ги одложи сите претстави и подготовката на новата премиера, поради неколку вработени кои се позитивни на КОВИД19. Оваа информација од НТБ ја соопштија на социјалните мрежи денеска

-Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време. Исто така одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатитот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишни мерки на заштита.

Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од било кога, зашто театарот без публика е безсмислен! Останете ни во добро здравје и се гледаме наскоро!, пишуваат Од Народен Театар Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани