,Парови" е темата на музичко сценскиот перформанс, по повод 14 ноември, роденденот на Народниот театар во Битола, закажан за вечерва во 20 часот
-Тaа вечна тема се провлекува од постоењето на светот - до денес. Пар означува
две суштества заедно, двојност. Науката тврди дека може да се разликуваат четири видови на парови - според начинот на кој се развиваат нивните односи, и тоа: драматични парови, конфликтни парови, социјално ангажирани парови и занесени еден во друг партнери.На сцената можете да ги сретнете сите нив, а и сите парови сакаат да доаѓаат во театар. НТБ ве поканува на 14.11 во 20ч на парен датум, во непарна година, во парен час, на својот непарен 79ти роденден.
И не грижете се можете да бидете и сами во пар(терот), театарот да биде Вашиот пар(тнер)