Успешна крводарителска акција се реализира денеска во ЈП "Стрежево". Директорот Менде Граматковски вели дека вработените од „Стрежево“ја покажаа на дело својата хуманост.
-Денес организирано вработените даруваа крв. Акцијата се организира во просториите на јавното претпријатие со испочитување на сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид - 19. Се носеа заштитни маски, се држеше пропишаното растојание и се вршеше дезинфекција на рацете.
"Стрежевци" ја покажаа својата несебичност и хуманост, вели Граматковски.