2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Холандските пријатели на болницата во Отешево повторно донираа лекови во вредност од 10 илјади евра

Октомври 28, 2020

 

Холандската „Фондација воздух за Преспа“ донира лекови за Специјалната болница во Отешево, каде се лекуваат паценти од респираторни и алергиски заболувања. 

-Пристигна донација од околу 10.000 евра  која се состои од антибиотици, секретолитици, бронходилататори, спрејинхалатори, кортикопрепарати и други лекови кои се користат во лекувањето за нашите пулмолошко болни во „Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево“. Донацијата е од Холандија-„Фондација-Воздух за Преспа“ и нашите донатори Кес и Јохана Барс. Денес  ја примивме 29 донација од Холандија, нашите долгогодишни пријатели Кес и Јохана Барс и нивната фондација  како и секоја година така и оваа донираа лекови за потребите на болницата. За нашата институција оваа донација е добредојдена во овие тешки услови на пандемија посебно за нашите пациенти. Иако оваа година не можеа лично да ни ја донесат направија напори да пристигне во право време. Огромна благодарност во името на сите вработени и пациентите од нашата болница за нивниот огромен труд и нивната хуманост. Среќни сме што имаме вакви пријатели кои секоја година мислат на нас и не не забораваат.Се надеваме дека наредната година ќе бидат тука и заедно ќе го прославиме нивниот 30 годишен јубилеј од донацијата Воздух за Преспа, вели Билјана Гошаревска портпарол на  „Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања- Отешево“.

122999088 378360749974142 267176232928434745 n

122943697 2813142272337971 8007461585108806120 n

122858097 1564830530572700 1005292752439851640 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани