АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште десет пацинети во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола, се позитивни на КОВИД-19 со што вкупниот број на заболени во оваа геријатриска установа се искачи на 33. Позитивни на вирусот се и 6 од перосналот во оваа геријатриска установа, од вкупно 7 тестирани, кои веќе се изолирани.
Од Цнетарот за јавно здравје информираат дека штитениците во хосписот иако се со бројни коморбидитети, засега се во стабилна здравствена сосотојба, примаат терапија, под надзор се на лекрите од установата и во постојана консултација со инфектолог. Се следи нивната здравствена сосотојба, засега остануваат во хосписот, а доколку се појават компликации ќе бидат хоспитализирани во Клиничката болница во Битола.
Од вкупно 61 пациент во геријатсриксата установа „Сју Рајдер“ во Битола, досега се тестирани 46, а во текот на утрешниот ден ќе се земат уште 15 брисеви од нив, а скрининг ќе биде направен и на целиот персонал.
Ова засега е најголемиот кластер во Битила, каде вкупно се заболени 39 пациенти и вработени. Се уште не се знае како се појавил вирусот во хосписот „Сју Рајдер“. Првичните претпоставки на епидемиеолозите се дека го пренеле пренел некој од вработените, затоа што од почетокот на пандемијата забранет е влез за невработени, а нема ниту посети од семесјтвата на штитениците.