АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционално, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, го одбележе Денот на руската дипломатија во Битола. По тој повод амбасадорот на Русија Олег Шчербак, со претставници од локалната самоуправа и други делегации положија цвеќе на споменикот „Руски крст“ кај градското шеталиште, што е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој бил убиен во Битола пред 115 години кога ја извршувал својата дипломатска должност во Македонија.
-За време на 6 векови постоење на руската дипломатија ние секогаш ги негуваме сеќавањата за луѓето кои дадоа придонес за развој на руската дипломатија, а особено го негуваме сеќавањата за луѓето кои загинаа исполнувајќи го својот професионален долг. Меѓу таквите истакнати дипломати беше и Александар Ростковски чиј споменик е подигнат овде во Битола. Професионалниот и човечкиот подвиг на Ростковски е дел од нашата заедничка историја, рече меѓудругото Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Македонија на одбележувањето на Денот на руската дипломатија, денеска во Битола.