2win800x200

Тројца битолчани избрани за членови на Централниот одбор на СДММ

Ноември 16, 2020

 

Тројца млади социјалдемократи од Битола се избрани за членови на Централниот одбор на СДММ. Тоа се Ана Трифуновска, Каролина Трајковска и Андреј Гулабовски. Заедно со Анастасија Главевска која ќе членува во Надзорниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија, локалниот клуб од Битола ќе има можност да го пренесе гласот на своите членови во највисоките партиски тела на нашата младина, рече претседателот на СДММ Битола - Петар Николовски .

-Чест и задоволство ми е што Локалниот клуб од Битола зеде активно учество во Конференцијата за избор на нов Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија. Во име на сите мои другари и во мое лично име, му честитам и му посакувам успешна работа на новиот Претседател на СДММ, Марко Михаилоски.

СДММ е модерна, силна, европска и динамична организација која е целосно вградена во успесите на државата. Сите ние, млади социјалдемократи претставуваме нова, модерна генерација македонски политичари на кои чесноста, одговорноста, интересот на граѓаните и моралните вредности им се суштинска карактеристика. Ние сме моторот на СДСМ, гласни и одлучни секогаш кога треба, рече претседателот на СДММ Битола - Петар Николовски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани