2win800x200

На денешен ден во Битола е формирана Егејската бригада

Ноември 18, 2020

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-18 НОЕМВРИ 1944

Во Битола е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, попозната како Егејска бригада. По тој повод, пред зградата на општинските и обласните власти во Битола, се одржала свеченост со пригодни говори ѝ било предадено военото знаме на Бригадата. Во време на формирањето, бригадата броела над две илјади борци, распоредени во четири баталјони.

Штабот на бригадата го сочинуваа Илија Димовски-Гоче командант, негов заменик Наум Пејов, политички комесар, Михаил Керамитчиев и заменик комесар Вангел Ајановски-Оче.

На 3 јануари 1945 г. Бригадата во целост била прекомандувана во Гостивар и Тетово и учествувала во ликвидирањето на балистичките банди кои, сè уште дејствувале во овие реони.

Во почетокот на март 1945 година, Бригадата била стационирана во Битола и Гевгелија, а со наредба бр. 236 од 2 април 1945 г. на Главниот Штаб на НОВ на Македонија, Бригадата била расформирана, а нејзиниот боречки состав распореден во други единици.

Нешто подоцна, најголемиот дел од борците на Бригадата се вратиле во Егејскиот дел на Македонија и ги создале првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ), а потоа станале борци во единиците на Демократската армија на Грција, каде, повторно, покажале огромна пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани