Webp.net gifmaker

КОМПЛЕТИРАНИ 14 УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Ноември 19, 2020

Заврши асфалтирањето и на последната делница од предвидените улици во населбата Долно Оризари, информираат од Општина Битола

 

 
Преку проектот за реновирање на 14 улици во оваа населба, се работеше на промена на водоводни приклучоци, промена на шахти и сливници и дел од канализациониот систем, по што на крајот следуваше изведба на коловоз. 
 
Должината на асфалтираните 14 улици е над 2 километри, а вкупната вредност на овој проект изнесува 11.063.905,00 ден. или околу 180.000 евра.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани