ИСПЛАТЕНИ ПРВИТЕ 400 ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

Ноември 19, 2020

Општина Битола започна со исплатата на средствата по објавениот Јавен повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, информираат од Општина Битола

Исплатата се врши врз основа на претходно изготвени решенија од страна на комисијата  која ја спроведуваше постапката за проверка на доставените документи.

По објавувањето на конечната листа на добитници на високоефикасни инвертер клима уреди, по претходно утврден распоред, од 13 ноември започна физичкото доставување на документите, која се уште трае. Истото се спроведува по строги правила и со запазување-почитување на сите мерки за заштита од КОВИД-19.

До денес, 19 ноември е постапено за исплата по 400 решенија, во најголем дел кон економските оператори кои издале фактури на добитниците од конечната листа, а помал дел и кон физички лица, кои го набавиле инвертер уредот и доставиле фискална сметка.

Тековно, комисиите продолжуваат со работа и изготвување на нови решенија, по што ќе следи исплата до економските оператори во предвидениот законски рок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани