2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вонредна седница на Советот за модуларниот КОВИД центар во Битола

Ноември 26, 2020

Утре напладне Советот на Општина Битола ќе одржи вонредна седница, а на дневен ред се две точки

  1. Програма за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница - Битола
  2. Одлука за давање на донација во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност – КОВИД центар.

 

Овој проект го реализираат Министерството за здравство и Општина Битола.  Модуларната болница ќе се протега на површина околу 1000м2. Општина Битола ја изработи  целокупната документација и подготовка на теренот, а дава и поддршка на изведбените активности. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде наменет за пациенти заболени од КОВИД-19, а ќе има капацитет од 90 до 120 болнички кревети. Овој простор ќе биде опремен со целосно нова опрема и апаратура. Целта е да се зголемат капацитетите, но и да се подобрат условите за лекување на овие пациенти.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани